ЛЕФКОВ: Неспособноста на локалните власти предводени од Градоначалник на СДС резултира со укинување на градскиот превоз во Кочани

Почитувани сограѓани,

Градоначалникот Николчо Илијев и Општина Кочани демонстрираат неспособност и неработа во целокупното свое работење. Општина Кочани и понатаму останува затрупана во голем број на проблеми но и потреби на граѓаните кои секојдневно се зголемуваат и остануваат нерешени.

Господине Илијев, граѓаните на Кочани поради Вашата неспособност и незнаење веќе 1 (еден) месец не користат јавен градски превоз на територијата на Општина Кочани. Истите тие граѓани со право се прашуваат дали конечно ќе успеете да реализирате јавна набавка после двете пропаднати аукции и да го вратите јавниот градски превоз кој беше стартуван во 2013 година, а вие по само 8 (осум) месеци на чело на Општината успеавте да го упропастите.

Дали по легендарната изјава на вашата сопартијка и пратеничка Мира Стојчевска, дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните затоа што немаат автомобил, најдовте начин да ги погодите и овие категории на наши сограѓани па им го укинавте градскиот превоз.

Со укинувањето на јавниот градски превоз последните седмици сведоци сме на зголемен сообраќаен хаос во градот. Исто така можеме да забележиме зголемен број на т.н. „диви таксисти” кои непречено ја користат ново настанатата ситуација со градскиот превоз, а Вие Господине Илијев и овде покажувате тотална незаинтересираност да се справите со проблемите.

И конечно, Господине Илијев дали чувствувате барем малку одговорност и дали ќе соберете сила да се извините на граѓаните заради Вашата неспособност да го одржите јавниот градски превоз или пак во дополнение на стилот на Мира ќе кажете дека јавниот градски превоз не ги засега најбогатите а освен таа елита другите и не ве интересираат многу ?

Почитувани,

На Кочани не му се потребни нови дополнителни катастрофални чекори на локалната власт предводена од СДС, доста е со изговори и доста е веќе со оправдувања.

Почнете еднаш да работите, бидејќи ако не знаете вие, има кој знае.

Центар за комуникации на

ОК ВМРО – ДПМНЕ Кочани

Претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Кочани

Миле Лефков

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари