Денес стартуваше ново првенство во Првата Фудбалска Лига за жени, и тоа како, на шест натпревари се постигнати вкупно 68 голови или во просек по 11 на секој натпревар што е доказ дека во лигата се имаат вклучено екипи колку бројот да го потполнат, а за квалитетот никој не се интересира. Највисока победа остварија девојчињата на „СЦ Истатов“ кои на гостувањето во Битола постигнаа 20 (дваесет) голов. Ништо помалку не беше ефикасен ниту минатогодишниот шампион „Драгон“ кој на велешанки на нивни терен им даде 15 (петнаесет) голови.

Доста ефикасен беше и натпреварот во Тетово каде беа постигнати 12 погодока. Во Струга паднаа девет, во Прилеп шест а најмалку во Кочани „само“ пет!!!

Во „градот на оризот“ домаќинот претрпе висок пораз од полетната и физички поподготвената екипа на „Речица“. „Жетварките“ додека имаа сила даваа некако отпор но како времето одминуваше тие паѓаа на физички план а гостите тоа вешто го користеа и од повеќето поволни прилики искористија само 5. Интересно е што домаќинките на овој натпревар не создадоа ниту една посериозна шанса за гол, освен ако не се смета слободниот удар на Ѓорѓиева кој гостинскиот голман на чуден начин со нога го исфрли во корнер.

Како и да е заслужена победа на гостите во Кочани од 5:0 (1:0.

Резултати од првото коло:

„Кочани“ – „Речица“  0:5

„Плачковица“ – „Каменица Саса“ (натпреварот се игра во Недела)

„Прилеп“ – „Тиверија“  0:6

„Ас Јунајтед“ – „Топ Гол“  7:2

„Борец“ – „Драгон“  0:15

„Тетекс“ – „Љуботен“  12:0

„Атлетико“ – „СЦ Истатов  1:20

С. Ивановски

DSCN9201

DSCN9323

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари