Во неделата планинари од Планинарските друштва „Осогово“ и „Москито“ од Кочани  учествуваа на традиционалниот планинарски марш „Рударска патека“.

Патеката со должина од 10 км. е дел од патеката која рударите пеш ја поминувале одејки на работа од Крива Паланка до рудниците на Злетово.

За време на маршот планинарите го посетија и манастирот „Св. Злата Мегленска“, кој се наоѓа над Кратово на врвот „Лисец“ на надморска височина од 1525 метри.

Самиот манастир преставува нешто несекојдневно на Балканот бидејќи целиот е изработен само од камен.

На маршот освен планинарите од Кочанските друштва учествуваа и околу 60 планинари, од Пробиштип, Крива Паланка, Врање (Србија), Ќустендил (Бугарија) и др.

Успешен организатор на маршот беше ПСД „Плавица“ од Пробиштип, кој во чест на своите гости, учесници на маршот  по завршувањето на истиот организираше заеднички ручек.

8283

84

85

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари