Од Четврток па се до недела во Виница ќе биде одбележан празникот „74 години слободна Виница“.

Низа културни и спортски настани во организација на Општина Виница ќе и дадат посебен белег на прославата.

Чествувањето за празникот ќе започне во Четврток со положување на цвеќе на спомен бистата на Кирил Михајловски – Груица, за да час подоцна (18:00) биде одбележана 40 годишнината од откривањето на теракотните икони. Првиот ден ќе финишира со Концерт на „Драган Даутовски Дуо“.

ПЕТОК:

12:00 (Сина сала) Промоција на научно-истражувачки труд „Војната за ресурси, причина за нарушување на глобалната безбедност“ од авторот д-р Гоце Георгиев.

17:00 (плато пред ДК „Тошо Арсов“) Театарска претстава за деца „Али баба и четириесет разбојници).

19:00 (Галерија Венеција) Отворање на самостојна изложба на академскиот сликар Миливој Симеонов.

20:00 (Градски парк) Алтернативен настан „реанимација“.

САБОТА:

09:00 Ревијална велосипедска трка Виница-Калиманско поле-Виница.

09:30 – 18:00 (Градски стадион) Детски фудбалски турнир „Винеам куп 2018“.

20:00 (плоштад „Ангел Винички“) Концерт на „Игуана“

21:00 (плоштад „Ангел Винички“) Концерт на „Нокаут“

00:00 (плоштад „Ангел Винички“) ДиЏеј  Ерик

НЕДЕЛА:

08:00 (Од Градски парк) Меѓународна трка „CHUPINO  TRAIL“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари