Почитувани сограѓани,

Токму од овде уште еднаш ќе потcетам дека немањето градски превоз е реален проблем со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Кочани.

Градоначалникот во неговиот одговор на овој проблем зборува за превоз на ученици кој нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз. Бесплатниот превоз на учениците е право кое е регулирано со закон, а договорите кои сте ги објавиле се склучени како резултат на спроведена јавна набавка и изразените цени се за повратни билети на редовните ученици, Вие ја замајувате јавноста кажувајки ги цените за билет во редовните автобуски линии во еден правец, што преставуваат две различни работи.

Ваквиот начин на комуникација како и нападите на секој оној кој ќе се осмели да ги посочи реалните пропусти во работењето на оваа власт не водат никаде.

Она што е суштина на ова обраќање, е дека сите треба да се држиме до принципот на јавност, вистинитост и реална информираност.

Токму фактите и аргументите треба да бидат изнесени и во периодот кој следи се до денот на референдумот, се со цел да се пренесе вистината и реалноста во која живееме.

Мора да се изнесе фактот дека со цел да се побара поддршка од граѓаните за лошиот договор со Р.Грција за кампањата на владата и успех на референдумот од 30-ти септември излегуват одредени тези кои се однесуваат на земјоделието и земјоделците.

Изјави и тези со кои на земјоделците им се ветуваат пари од ЕУ се далеку од реалноста.

Пресметката на буџетот што една држава го добива од заедничкиот буџет на ЕУ се базира на пресметка од вкупните земјишни капацитети, но и од позицијата и состојбата во која се наоѓа земјоделието.

Во каква состојба се донесе нашето земјоделие ако се имаат во предвид потфрлањето на институциите и аферата со ГМО семето, преполовениот пласман, ниските откупни цени како и земјоделски површини кои се под директно влијание на градската депонија во Кочани, чие загадување го гледаме секојдневно а влијае негативно како на здравјето на граѓаните така и на квалитетот на земјоделските производи.

Да бидеме реални и да им кажеме на граѓаните дека со вакво владеење и ваков однос кон земјоделието и заштита на животната средина, може да се очекува дека буџетот од ЕУ фондови кои ќе го добијат земјоделците од Македонија може да биде дури и помал од буџетот за поддршка на земјоделието што Македонија го има години наназад.

За покривање на катастрофалното владеење на СДС свесно се врши злоупотреба на Европската Унија и на нејзините политики, односно во овој случај на заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ

Ова се факти.

Пресс центар -ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Претседател на ОК

Миле Лефков

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари