Почитуван претседател на општинскиот партиски огранок,

Се прашувам како имате доблест повторно да излегувате на прес-конференција за јавниот превоз кога граѓаните очекуваат одговорност, а Вашите сопартијци оставка од координаторското место поради потпишувањето договор за превоз на ученици, за кој сте имале законска обврска да го поништите. Добро знаете дека јавната набавка треба да резултира со пониски цени од пазарните, а не двојно и повеќе повисоки.

Правите очајнички обид да ја извртите вистината и да префрлате вина на друг, нешто што не треба да му е својствено на професор, на човек кому првин учениците треба да му веруваат. Се лажете и себеси и јавноста кога велите дека „бесплатниот“ превоз на учениците нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз. Граѓаните очекуваат да одговорите каде е разликата во цените од училишниот превоз.

За да не ја замајувате јавноста, еве ги во прилог важечките пазарни цени на превозникот и цените за училиштен превоз кои ги плаќавте за минатата година. Граѓаните ја гледаат разликата.

Ние уште еднаш потврдуваме: субвенциониран градски превоз ќе има. Јавниот повик тече, а законската постапка и процедурите ќе бидат испочитувани до крај, a веќе има пројавен интерес од неколку оператори.

Вашиот обид да зборувате за штетите од придобивките со членството во Европската Унија не може да ги убеди земјоделците, кои десет години ги манипулиравте со субвенции и никаков стандард. Придобивките од членството во ЕУ значат систем од вредности, нешто што на вас, очигледно не ви одговара. Граѓаните се свесни за придобивките и на референдумот ќе донесат одлука со која ќе ги потврдат промените што ќе ја одредат иднината на нашата земја, која обезбедува сигурност, благосостојба и безбедност за сите во државата.

Со почит,

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

100

CENA 1CENA 2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари