Попладневната трибина на коалицијата „Излези за европска Македонија“  која пред голем број на граѓани се одржа во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани помина во една релаксирана и позитивна атмосфера на кој освен присутните тон и даваа и двајцата дискутанти, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и Претседателот на СДСМ воедно и Премиер на Република Македонија Зоран Заев.

Во своето обраќање Градоначалникот на Општина Кочани ги повока своите сограѓани без разлика на нивната политичка припадност масовно да излезат на 30 Септември и да гласаат ЗА, за Европско Кочани и за Република Македонија во Европската Унија и НАТО:

Во своето обраќање Заев им објасни на присутните дека компромисното решение кое е постигнато со јужниот сосед е од огромно значење преди се поради признавањето на Македонскиот јазик и идентитет кој повеќе за никој во светот не е спорен, „Заслужуваме да бидеме граѓани на современа, модерна, демократска Македонија. Животот ни минува и затоа должни сме на нашите деца да им обезбедиме добра и сигурна иднина. По 27 години добивме покана да станеме 30-та членка на НАТО а самото тоа значи стабилност, безбедност мир и сигурност“.

Задржувајќи се на прашањето – економија, Заев посочи дека самиот влез во Европската Унија во семејство со околу 500.000.000 луѓе ќе значи и повисоки плати, пензии, нови работни места.

На крајот на прашањето на Премиерот Зоран Заев „Дали сме за ЕУ и НАТО“ присутните со овации го дадоа потврдниот одговор.

Пред да се раздели од Кочанчани Заев рече: „Оваа шанса мораме да ја зграпчиме бидејќи имаме храбар народ кој ќе покаже дека сме за Европска Македонија“.

Премиерот Зоран Заев пред да ја одржи трибината во „Паркот на Револуција“ најпрвин пред Општина Кочани се сретна со својот домаќин Градоначалникот Николчо Илијев, во чие друштво како и во друштво на Пратеникот, советниците од Коалицијата, потесното раководство на ОО на СДСМ – Кочани прошета низ улицата „Маршал Тито“ и Градскиот Трговски Центар каде бурно беше поздравен од голем број Кочанчани.

С. Ивановски

DSCN9378

DSCN9392

DSCN9456

DSCN9572

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари