Со реконструкција на ситуацијата на пронаоѓање на првото депо на икони на Виничко Кале во далечната 1985 година, во комбинација со презентирање на филм од првите ископувања на овој локалитет, сето тоа документирано и низ печатени плакати на кои беа презентирани 14 мотиви од најголемата колекција на икони кои Музејот „Теракота“ ги поседува , Виничко Кале синоќа ги собра Виничани за уште еднаш да ги потсети за вредноста и богатството кое како општина го поседуваме.

Со своето значење како единствени и уникатни примероци на уметничка креација откриени во периодот на раното христијанство 5-6 век, во годините што следуваа станаа најекспортирано културно наследство од Македонија ширум светските галерии и музеи. Следуваа изложби во Рим, Ватикан, Париз, Москва, Минхен, Линц, Утрехт, а последното нивно презентирање беше во Музејот Ашмолијан во Оксфорд. Првите истражувачи и документатори на Виничко Кале, д-р Коста Балабанов и Цоне Крстевски како почесни гости во рамките на официјалното отварање на четиридневната Програма, беа почестени со плакети од страна на градоначалникот Ивица Димитров за откривањето и афирмација на теракотните икони.

Отварајќи ја четиридневната Програма Димитров истакна: „Со овие настани и Програмата која следува деновиве, ние како нова локална власт се обидуваме да ја прошириме туристичкара понуда на градот. Со овие активности сакаме да ги менуваме работите, сакаме да наметнеме нов имиџ на Виница, постепено да создадеме понуда која ќе биде атрактивна и достапна за сите возрасти и генерации, и се надевам со ваша сестрана подршка ќе успееме да го подобруваме севкупниот амбиент во општината“.

Со апел да се чува и негува богатото културно наследство, свое обраќање имаа и археолозите Балабанов и Крстевски, а осврт кон јубилејот „40 години од откривањето на теракотните икони“ даде и директорот на Музејот „Теракота“, Јулијана Иванова.

Општина Виница

32

33

34

35

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари