За целокупниот амбиент на Виничко Кале синоќа се погрижи професорот и мултиинструменталист на народни инструменти Драган Даутовски , кој повеќе од една деценија е бележит репрезент на македонската култура и музика во светот.

Македонскиот виртуоз Даутовскиј со 90 минутен концерт го заокружи 40 годишниот јубилеј од откривањето на теракотните икони.

„Во мојата работа користам седум праисториски инструменти, инструменти кои најдобро ја претставуваат македонската археологија, кои најдобро го претставуваат периодот на неолитот. Со вечерашниов настап уште еднаш пишувам сериозен датум на ова свето место- Кале, кое навистина треба да си го чувате“ , порача Даутовски.

Музичката Програма по повод „74 години слободна Виница“ продолжува вечерва со настанот „Реанимација“ во „Градскиот парк“, а продолжува со концерт на „Нокаут“ на плоштадот „Ангел Винички“

Општина Виница

32

33

34

35

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари