Се известуваат станарите во станбените објекти дека во пресрет на грејната сезона СЕ ДОЛЖНИ да ги исчистат оџаците заради подобро согорување на огревниот материјал, а се со цел за поголема заштита од пожар, односно поголема безбедност на сопствените живеалишта.

Известувањето е поради многубројните пожари кои се случуваат во грејната сезона а најголемиот број се предизвикани токму од неисчистените оџаци.

Исто така ги известуваме и претседателите на „Куќните совети“ да контактираат со овластените лица од ТППЕ – Кочани заради заедничка проверка на хидрантската мрежа во станбените објекти, за нивната исправност и комплетност на истите.

Во заедничката проверка ќе бидат опфатени и оставите во ходниците, резервните излези и влезните врати на кои се инсталирани електронски картички за влез.

Заради сериозноста на овие неколку важни работи од безбедносен карактер, ве известуваме да оствариме контакт во најкраток можен рок, а најдобро е тоа да биде до крајот на месец септември.

Овластено лице за контакт

Ком. на ТППЕ – Кочани

Паунов  Благој

Тел: 072-275-686  или на 193

P2540391

pozar8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари