Неколку интересни натпревари од 3-тото коло се одиграа во двете втори фудбалски лиги.

На истокот три дерби натпревари го привлекоа на љубителите на фудбалот. Во Пехчево пред повеќе од илјада гледачи „Брегалница“ (ШТ) беше поуспешна од досегашниот хит на првенството „Кит Го Пехчево“, а во Кавадарци и Радовиш се одиграа  локалните дерби натпревари.

Резултати од 3-тото коло во Втора Лига – Исток:

„Кит Го Пехчево“ – „Брегалница“ (ШТ)  1:2

„Каменица Саса“ – „Кожуф“  1:1

„Тиквеш“ – „Вардар (Н)  3:1

„Детонит“ – „Плачковица“  0:2

„Партизан “(О) – „Борец“  0:2

На табелата со аксимален број на бодови 9 се екипите на „Брегалница“ (ШТ) и „Борец“.

Резултати од 3-тото коло во Втора Лига – Запад

„Скопје“ – „Лабуништа“  6:0

„Кораб“ – „Влазними“  2:4

„Струга Трим Љум“ – „Тетекс“  1:0

„Генч Калемлер“ – „Гостивар“  3:2

„Гоблен“ – „Пелистер“  0:0

По три одиграни кола лидер на табелата е „Струга Трим Љум“ со 7 освоени бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари