Започна новата учебна година за учениците од основното и средното образование. Денеска беше посебен ден за првачињата и за новите средношколци.

На сите им посакуваме успех и освојување што повеќе знаења.

Ги повикуваме да бидат вредни и трпеливи ученици, да ги почитуваат другарчињата, наставниците, родителите и возрасните. Да градат пријателства, да шират добра волја, да бидат толерантни.

Наставниците и родителите да даваат максимален придонес во квалитетното образование, коешто е темел на општеството.
Ние ги направивме сите напори за успешен почеток на школската година. Особено значаен момент е донесувањето на Законот за превоз на ученици, со кој очекуваме да се намалат неоправданите трошоци на училиштата. Предизвиците во образованието не се малку и не се лесни. Сепак, со подобрени меѓучовечки релации, сите напори можат да дадат резултати вредни за почит.
Нека е среќна и успешна новата учебна година!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари