Во наредните шест односно девет месеци, осум лица ќе бидат работно ангажирани во проектот „Подај рака“ од програмата Општинско корисна работа. Четворица ќе работат како лични асистенти на лица со инвалидност и четворица како образовни асистенти во основните училишта во Кочани.

Ангажираните лица и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска ги потпишаа договорите за работен ангажман, со што официјално започнуваат активностите во рамките на проектот. Лицата ќе работат 20 часа неделно за месечен надоместок од 9.000 денари.

Општина Кочани по петти пат е дел од Програмата ОКР што ја финансира УНДП во соработка со Министерството за труд и социјална политика. На локално ниво овој проект Општината го реализира заедно со Центарот за вработување – Кочани, Центарот за социјална работа и невладиниот сектор.

Програмата Општинско корисна работа дава поддршка на услуги од социјалната и детската заштита со цел да се подобри нивниот квалитет и обезбедува вработувања на долгорочно невработени или лица од други социјални категории со цел да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Програмата опфаќа и обука на ангажирираните лица.

Општина Кочани досега преку проектот ангажираше вкупно 36 лица за вршење работи во социјалната и детската заштита во различни сфери и тоа: нега и грижа на стари и изнемоштени лица, грижа на лица со инвалидност, воспитувачи и негователи во детска градинка, воспитувачи на деца од предучилишна возраст во рурална средина, прием на донации во Центарот за донации, посредници во делење храна во народна кујна и сл. Досега се опслужени над 500 корисници на услуги во наведените области.

DSC_0003 (Copy)

DSC_0019 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари