„Осогово“ ја совлада екипата на „Малеш“ од Берово со 2:0 (1:0) во натпревар одигран во рамките на подготовките пред почетокот на првенството во Третата Фудбалска Лига – Исток кое според најавите треба да започне на 16-ти Септември.

Малкумината гледачи видоа натпревар во кој домаќините ја имаа иницијативата, создадоа неколку шанси за гол од кои искористија две но и на двапати ја погодија пречката. Гостите се покажаа како жилав противник чии играчи преку добро организирани акции успеаја на двапати да излезат сами пред домашните голмани но не беа прецизни во нивните завршници.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари