Поради обврските на женската репрезентација на Македонија изминатиот викенд, денес се одиграа натпреварите од второто (вонредно) коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Подмладената екипа на „Кочани“ високо е поразена во Дојран, а додека „Каменица Саса“ која минатото првенство дебитираше во лигата ја извојува и втората победа во првенството.

„Тиверија“ и „Драгон“ лесно ги совладаа своите противници а дебитантот во лигата „Љуботен“ ја имаше, дебитантската победа додека реактивираната екипа на „Победа“ го претрпе и вториот пораз на домашен терен.

Резултати од 2-рото коло:

„СЦ Истатов“ – „Кочани“  14:0

„Тиверија“ – „Речица“  10:1

„Каменица Саса“ – „Атлетико“  1:0

„Љуботен“ – Плачковица“  5:0

„Драгон“ – „Тетово“  9:1

„Прилеп“ – „Ас Јунајтед“  1:3

Натпреварот „Топ Гол“ – „Борец“ е закажан за Четврток.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари