Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2018“ Општина Кочани организира Турнир во баскет, кој ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 г. и ги повикува заинтересираните баскет екипи да се пријават за учество.

Екипите се должни да уплатат котизација од 1.000,00 денари, да достават име на клубот и список од 4 играчи со броеви на личните карти.

Пријавените играчи треба да имаат наполнето 16 години.

Уплатата се врши на трезорската сметка: 736014044463010, шифра: 725939

Пријавувањето е до 24 септември, во Едношалтерската канцеларија на – Општина Кочани.

Информации на: 071 208 299, Александар Зафиров.

Фондот на награди за Баскет турнирот 2018: за прво место –15.000,00 ден., за второ 10.000,00 ден. и за трето место – 5.000,00 ден.

Обезбедени се награди и за најдобар кошаркар и фер плеј тим.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари