Благодарение на голем број на хумани луѓе дознаваме дека средствата во висина од 30.000 Евра кои беа потребни за лекување на нашиот млад сограѓанин Дарио Павлов конечно се собрани и тој ќе може да го започне своето лекување во Грција.

Од неговите најблиски добивме информација дека денес од нив е побарано да се повлечат телефонските броеви а дека во текот на утрешниот ден (Петок) тоа ќе го потврдат и со испраќање на меил се со цел за да може ако е потребно други да можат да ги користат истите броеви.

Инаку на нашиот Дарио пред две години му било дијагностицирано ецефалитис-трансферзален миелитис – воспаление на рбетниот мозок, па сега откако се собраа потребните средства тој ќе може да започне со третманот на лекување во Грција.

На Дарио му посакуваме што побрзо закрепнување и насмевката на неговото лице која ја имаше и во овој за него лош период да остане засекогаш.

Дари, те очекуваме да одиграме еден фудбалски или кошаркарски натпревар.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари