ОБРАЗОВАНИЕ  НА  ТАКСИМЕТАР

Почитувани,

Градоначалникот на општина Кочани Николчо Илиjев не ја исполнува законската должност и не обезбедува бесплатен автобуски превоз на редовните учениците во училиштата на територија на општината.

Да појасниме-учениците, учениците со посебни потреби и нивните старатели го плаќаат превозот од свој џеб иако тоа претставува обврска на општината.Мега најавите на градоначалникот Илиев за “рационализација на трошоците за превоз на учениците“ завршија со 100% процентен успех Илиjев го укина бесплатниот превоз.

Само сега имаме сериозен проблем!

Како прво: Општина Кочани не го почитува законот за основно и средно образование и необезбедува бесплатен превоз за учениците, учениците со посебни потреби и нивните старатели со што не остварува дел од законски утврдените надлежности на Општината;

Како второ За родителите на децата ученици од локалните места и поодалечени населби со укинувањето на превозот е „воведена“ нова давачка т.е. родителите плаќаат нешто што треба да го обезбеди Општината.

Единствен заклучок е: Кочани во моментов има образование на “таксиметар“. Само за да можат да дојдат на настава и да се вратат дома на сите наши ученици ќе им требааат стипендии од по 40.000 долари.

Граѓаните на Кочани веќе гледаат кој манипулира и кој греши. Стекнувањето на ефтини политички поени, секојдневни координации со СДС, “делењето“ на работни места и учество во партиска кампања за референдумот се покажуваат како приоритети на Општина Кочани и за жал далеку поважни од интересот на децата.

Во контекст на сето ова, ниту едно соопштение или Ваш одговор нема да го сокрие фактот дека бесплатен превоз нема и тоа по ваше барање а со тоа е причинета штета на наставата, на родителите и на учениците во Кочани.

Одговорност мора да има!

Центар за комуникации на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари