ВОЗЕЊЕТО  СО  ВАШИОТ  „ПАРТИСКИ  ТАКСИМЕТАР“  –  СКАПО  ГО  ПЛАЌАМЕ!

Почитуван претседател на општинскиот партиски огранок,

Работите по принципот: „стопати повторена лага…“ за да ги убедите граѓаните во нешто на кое никако не можат да ви поверуваат.

Граѓаните очекуваат одговор – каде завршија парите од разликата од пазарните цени и цените кои ги плаќавте за превозот на учениците. Тој податок им го должите на граѓаните, за да знаат каква давачка плаќале девет години, со каков таксиметар вие ги возевте. Тоа беше давачка со која немилосрдно ги злоупотребувавте, а притоа за тоа воопшто не знаеле.  А тоа се нивни, а не ваши пари.

Одговорете им на граѓаните, дали со овие притисоци, лаги и манипулации, сакате некој повторно да ги оштети граѓаните, оние кои вие доволно ги оштетивте?

Ви пречи секаква рационализација на трошоците, затоа што вие сакате да го покриете милионскиот грабеж што го вршевте.

Бесплатниот превоз не е укинат, ниту ќе биде укинат, туку имаме ново законско решение, со кое е утврдено дека превозот ќе се врши по пазарни цени. Од надлежното министерство ги чекаме конечните насоки по кои треба да работиме. На овој начин ќе заштедиме пари со кои училиштата ќе бидат пристојни места за одвивање на наставата, а не вакви какви што ни ги оставите. Во тоа е разликата меѓу вас и нас. Ние мислиме и работиме во интерес на граѓаните, а тие добро знаат како работевте вие и можат да направат споредба.

Почитуван претседателе,

Мене никогаш не ми требале, па и сега не ми требаат ниту политички, ниту какви било други поени. Тоа е ваш стил на работење и такви поени вам ви требаат. Затоа ги спојувате политиката и образованието. Затоа образованието го доведовте на вакво дереџе. Немам потреба од координации со никого, а уште помалку учествувам во делењето работни места. Вие тоа добро го знаете и го почувствувавте додека бевте директор.

Дали добивавте сугестии за вработувања од мене? Зборувавте дека за прв пат имате слобода во одлучувањето во секој домен на работењето, како вие, така и останатите директори во образованието. Така беше, така и ќе остане. Откако станавте прв партиски човек, го негирате јавно кажаното, што пак зборува за вашиот карактер.

Вие направивте доволно штета на образованието, нам ни оставивте и долгови и купишта нерешени проблеми кои почнуваме да ги ешаваме.

Граѓаните наскоро ќе ги почувствуваат резултатите.

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари