Националниот празник 8 септември, денот на независноста на Република Македонија, извидниците го обележаа на свој начин.

Извидничкиот одред „Армонија-ВИН“ од Виница под покровителство на Сојузот на извидници на Македонија, викендов организира тридневен едукативен камп во близина на селото Трсино, виничко. На кампот учествуваат околу 100 млади извидници од повеќе градови, а Кочани го претставуваат десетина членови на ИО „Ластовица“. Планирано е учесниците на кампот да ги поминат вообичаените извиднички обуки, врзување јазли, стрелање со лак и стрела, ориентација во просторот и секако неизбежниот логорски оган.

Со започнувањето на новата учебна година старешинството на кочанскиот одред има во план интензивирање на активностите, а во текот на септември е планирано уште едно кампување на Осоговските Планини.

IMG_20180907_181759

41286838_296379244487822_9157736196313448448_n

IMG_20180907_181721IMG_20180907_181516

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари