Во рамките на подготовките за претстојното првенство во Третата Фудбалска Лига – Исток и за продолжување на првенствените натпревари во Втора Лига – Исток, денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ му беше домаќин на второлигашот „Борец“ од Велес.

Натпреварот заврши без победник 1:1 (1:0).

Првото полувреме резултатски им пропадна на домаќините кои поведоа со голот на Манев, а додека гостите на почетокот на второто полувреме со евро-гол дојдоа до 1:1.

Се чини дека и за двете екипи овој натпревар беше од корист, бидејќи според најавите, Третата Лига – Исток стартува следната недела, а следната Сабота во Штип се игра дерби натпреварот на истокот „Брегалница“ – „Борец“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари