Екипата на „Слога 1934“ од Виница е победник на годинешниот 13-ти по ред Фудбалски турнир „Кочани 2018“ кој во чест на 7-ми Септември ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември, Ден од независноста на Република Македонија го организира ФК „Кочани“.

Виничани беа за класа пред останатите екипи и сосема заслужено по втор пат го освоија драгоцениот пехар.

Во првиот полуфинален натпревар „Слога 1934“ беше подобра од екипата организатор на турнирот „Кочани“ и славеше со убедливи 7:0. Во второто полуфинале „Академија Младост – Тошев“ од населбата Оризари со 3:0 беше подобра од вториот кочански претставник „Осогово“.

Во борба за третото место „Осогово“ го совлада „Кочани“ 5:0, а додека во финалето „Слога 1934“ со убедливи 4:0 ја совлада екипата на „Академија Младост-Тошев“.

Финалистите добија пехари а сите учесници Благодарници од организаторот за учеството на турнирот.

За најдобар голман беше прогласен Алекс Андов (Осогово), за најдобар стрелец Стефан Момчилов (Академија Младост-Тошев) а за најдобар играч Герман Илиев (Слога 1934).

Се играше 2 х 20 минути, 7+1 на скратен терен, генерација 2008 година.

Последен пат виничани турнирот го освоија во 2008 година кога генерацијата на Зоран Васевски беше супериорна.

С. Ивановски

DSCN9992DSCN9996DSCN0002

DSCN0026

DSCN9864

DSCN9867

DSCN9858

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари