И во третиот натпревар во годинешното првенство девојчињата на „Кочани“ го претрпеа и третиот пораз, но за разлика од натпреварот против „Речица“ одигран во првото коло во Кочани, денес играчите на тренерот Оливер Јовановски покажаа желба, повеќе трчање и борба за секоја топка. Сепак сето тоа не беше доволно да и се спротивстават на физички и технички подобро подготвената екипа од Македонска Каменица. Данокот на не искуството го платија „жетварките“ загубија со резултат 1:2 (1-1), но тренерот Јовановски беше задоволен и од играта и од ангажманот на неговите играчи.

„Загубивме заслужено, но сум задоволен од она што го прикажавме. Екипата е доста подмладена оваа година, но од разни причини ни недостасуваат и некои од поискусните со чие враќање во екипата се надевам и на подобри резултати. За наредното 4-то коло кога гостуваме на „Љуботен“ во Тетово ќе ја имаме на располагање и Станкица Атанасова која се враќа од Германија а до крајот на овој месец се враќаат и Ана Благонова и Драгана Ангелова, кои заедно со Андреа Стојчева и Викторија Чакаловска кои ги залечија повредите повторно ќе допринесат да имаме тим кој нема да биде лесен за ниту еден противник. Што е, тука е, одиме понатака“ рече по натпреварот тренерот на „Кочани“, Оливер Јовановски.

Комплетни резултати од 3-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени:

„Кочани“ – „Каменица Саса“  1:2

„Ас Јунајтед“ – „Тиверија“  0.0

„Борец“ – „Прилеп“  0:6

„Тетово“ – „Топ Гол“  4:5

„Плачковица“ – „Драгон“  0:8

„Атлетико“ – „Љуботен“  5:1

„Речица“ – „СЦ Истатов“  0:5

С. Ивановски

41360631_1502533796513780_4713937103707176960_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари