Во организација на Издавачката куќа „ЕДУКА МАК“ од Скопје, во соорганизација на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани а со финансиска помош од Министерството за култура на Република Македонија Кочани ќе биде домаќин на Фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“.

Како дел од фестивалот ќе биде и дел од проектот на збирката на поезијата „Стихувалки 2018“ во која се застапени 49 поети меѓу кои и две претставнички од Кочани, Јованка Ефтимова и Марина Гоцевска. Од нив 25 се натпреваруваат за престижни награди (меѓу кои е и Марина Гоцевска) и тоа според гласањето на публиката присутна на настанот.

Освен во Кочани, овој проект досега се има реализирано и во повеќето градови во Македонија, каде посетителите со своето гласање му дадоа посебен тек на натпреварувањето за престижните награди на поетите.

Фестивалот ќе се одржи во Петок (14 Септември) во салата на „Мултикултурниот Центар“ – Кочани со почеток во 12:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари