Благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба од Кочани, спречен е пожар кој можел да предизвика голема штета.

Денес попладне околу 16:50 часот до Територијалната противпожарна единица – Кочани, пристигнала дојава за избувнат пожар на кров на улицата „Едвард Кардељ“ број 88 во Кочани.

Најпрвин е интервенирано со едно возило и тројца пожарникари но поради специфичноста на кровната конструкција која била од трска и се наоѓала на две куќи-лепенки и поради големината на пламените јазици побарана е помош.

Интервенирано е со уште четири возила и девет пожарникари и за дваесет минути пожарот бил локализиран.

Поради специфичноста на кровот, дел од запалениот дел паднал во една од просториите на куќата.

На лице место е излезена Увидна комисија која допрва треба да ги испитува причините за избувнување на пожарот.

С. Ивановски

77

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари