Од денеска и официјално почна да функционира најавената „Фрст лего“ лига на Македонија или Националната лига со што и официјално започнува првенството во нашата држава. Сето ова на свечен начин беше објавено денеска во СОУ „Ѓошо Викентиев “ на состанокот и презентацијата одржана од страна на менторот Гордан Анастасов а на која присуствуваа претставници од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип како и претставници од „Ротари клуб Кочани–Виница“ кои што цело време финансиски ги поддржуваа учениците за нивните натпреварувања.

„Ние имавме само еден тим од државата и настапувавме под знамето на Србија. Сега конечно успеавме оваа лига да ја донесеме и кај нас и да се организира национално првенство кое што сега за сега е составено од 7 тима“,  рече Гордан Анастасов, ментор.

Инаку, да потсетиме, учениците од Кочани постигнаа високи резултати на натпреварот по роботика во Белград каде што освоија прво место, со што понатаму продолжија на натпревар во „Адрија лигата“ во Словенија за на крај да постигнат високи резултати и на натпреварот во Америка што резултираше и со формирање на „Фрст Лего“ лигата и во Македонија. Тоа значи дека сега и во Македонија ќе може да се организира натпревар по роботика за што лиценцата за организатор ја доби  Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип.

За цело време финансиски учениците беа поддржани од „Ротари клубот Кочани Виница“ чии што први луѓе велат дека со поддршката ќе продолжат и понатаму, а воедно се заблагодарија и на професорот Гордан Анастасов и на Универзитетот „Гоце Делчев“  за соработката без чија помош не би можело да се постигне ова што е сега.

Партнери во натпреварот и учеството е Словенија и нивниот клуб „Супер главче“ кои се претседатели на „Адрија лигата“ и кои исто така цело време ги поддржуваа нашите ученици.

За натпреварот на 23 февруари 2019 се пријавени 7 екипи за што веќе започнаа интензивно и да се подготвуваат.

С. Ивановски

41455730_2141314666188200_6990277570247786496_n

41431391_296894067793635_8867741688114708480_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари