По поднесената неотповиклива оставка на досегашниот Претседател на Судискиот актив при ОФС – Кочани, Сашко Ангелов, присутните делегати одлучија во иднина нивните права и интереси да ги застапува Драганчо Димитровски – Џајка.

По изборот на Методи Јорданов за записничар, на денешниот редовен работен состанок на присутните им се обрати досегашниот Претседател на судискиот актив при ОФС – Кочани Сашко Ангелов. Тој поднесената неотповиклива оставка не ја стави на дневен ред бидејќи така имал решено веќе подолг период. Тој најпрвин ги поздрави присутните, им се заблагодари како на судиите, така и на другите службени лица кои извршуваат различни функции во фудбалот. Ја истакна мошне добрата досегашна соработка со ОФС – Кочани а на новиот Претседател му посака успешна работа и напредок на судиите.

Од 17 присутни делегати 14 гласаа за Димитровски иако и овој пат некои луѓе од сенка сакаа се обидоа да ги наметнат своите интереси,  имено се обидоа да извршат промена Судиската комисија иако истата има мандат како и УО на ОФС – Кочани.

На состанокот како почесен гостин присуствуваше и актуелниот Претседател на ОФС – Кочани Љупчо Папазов, чие присуство му даде посебен легитимитет на истиот.

С. Ивановски

DSCN8989

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари