Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска денес престојуваше во работна посета на Кочани. Најпрвин таа оствари средба со Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев на која беше разговарано по повеќе прашања, но Илијев акцентот го стави на зградата „Војни отсек“  која е во централното градско подрачје а е во доста лоша состојба. Како што подоцна бевме информирани Градоначалникот побарал да се изнајде решени за овој проблем, односно да се обезбедат средства од државата за негова санација или изградба на нова зграда на истото место.

По прошетката низ градот во елитниот ресторан „Амор“ Шекеринска оствари средба со претставници од локалниот бизнис-сектор на која таа од нив доби јасна потврда дека  влезот во НАТО и ЕУ ќе значи силна поддршка за економијата, стабилноста и безбедноста на Македонија.

Посетата ја заврши со средба со граѓаните во населбата „Сиви дом“.

С. Ивановски

DSC_0038

DSC_0079

DSC_0222

DSC_0252

DSC_0295

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари