Времето гази, па без разлика што сите клубови ја немаат платено котизацијата за есенскиот дел од првенството, донесена е одлука дека во Недела (16.09.2018) стартуваат натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Во првото коло фаворитот за највисок пласман „Осогово“ ќе биде домаќин на „Кежовица“ од Ново Село (Штип), ана другите натпревари се среќаваат:

„Малеш“ – „Слога 1934“

„Работник“ – „Брегалница сениори“

„Рудар“ – „Овче Поле“

Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари