Во организација на Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство со „Екопроект – ко ДОО“ – Кочани во периодот од 01.09.2018 – 31.08.2019 година ќе започне реализацијата на проектот „Воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување во Кочани.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 35.635 $ од кои 23.147 $ се обезбедени од „Глобален еколошки фонд“ (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на „Еко Тим Исток“ – Кочани и „Екопроект – ко ДОО“ – Кочани.

Главна цел на проектот е да се воспостави функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадно ПЕТ пакување во Кочани, додека конкретна цел на овој проект е да обезбеди потребни ресурси за селектирање на отпадно ПЕТ пакување, техничка поддршка на „Екопроект – ко“ за ефикасно собирање и транспорт на отпадно ПЕТ пакување и подигнување на јавната свест за штетното влијание на ПЕТ пакувањето.

Во проектот ќе бидат вклучени учениците и наставниците од четирите основни училишта во градот Кочани како и минимум пет угостителски објекти.

Според досега направените анализи во Кочани во овој момент правилното управување со отпад како и користењето на бенефитите е на незавидно ниско ниво поради фактот што не постои уште еколошка совест и навика кај населението за селектирање на отпадот, туку истиот најчесто завршува измешан со другиот комунален и опасен отпад не размислувајќи при тоа за штетните последици што ги предизвикува врз животната средина, а со тоа и врз здравјето на луѓето.

С. Ивановски

DSCN0539

P1590119

P1700070

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари