Светскиот ден за чистење (познат и како WCD) „World Cleanup Day“ е глобална програма за социјална акција насочена кон борба против глобалниот проблем со цврст отпад, вклучувајќи го и проблемот со останатиот отпад.

Светски ден за расчистување на отпадот е 15 септември секоја година, а акцијата започнува во 10 часот и ги опфаќа сите временските зони во светот. УМС на ВМРО ДПМНЕ од Кочани се приклучи на глобалната акција „World Cleanup Day“ и денес го чистеше делот околу месноста „АСНОМ”.

Во акцијата беа вклучени десетина членови на УМС кои организирано го исчистија паркот и дворот околу комплексот „АСНОМ” и ОМУ „Ристо Јуруков”.

По завршувањето на акцијата, претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ од Кочани, Кристијан Манов го потенцираше следното: „Кочани ќе биде почист град ако конечно почнеме да ги менуваме лошите навики. Кочани ќе биде подобро место за живеење ако секој од нас тргне од себе и успее да направи чекор напред во сопствената средина. Ама буквално секој. Без исклучоци и оправдувања и без лажни ветувања за лажна иднина во кој друг ни кажува кои сме што сме како да се викаме и иднина во која чекаме некој друг да работи и создава наместо нас. Крајно време е да се освестиме како народ. Можеме да градиме достоинствена иднина во која секој ќе се определува како сака а сите заедно ќе се грижиме за доброто на Македонија и на нашиот град!”

УМС на ВМРО ДПМНЕ – Кочани

5253

54

55

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари