Во 4-тото коло од годинешното првенство девојчињата на „Кочани“ ја забележаа првата победа во Првата Фудбалска Лига за жени. Тие како гости денес го совладаа дебитантот во лигата „Љуботен“ од Тетово  со 9:1 (5:1). Шест гола постигна Анета Горгиева, два Александра Тодоровска а Бојана Петкова го постигна својот дебитантски гол во прволигашката конкуренција.

Дерби натпреварот во Струмица по доста возбудувања го доби „СЦ Истатов“ со 1:0 (1:0). Иако и двете екипи одиграа еден солиден и динамичен натпревар, иако доминацијата беше на страна на „Тиверија“, гостите од Дојран со долги топки и контра напади создадоа повеќе изгледни прилики за гол. Вишокот и овој пат го направи Ели Јаковска која во 30-тата минута погоди и им донесе три големи бода на „рибарките“.

Резултати од 4-тото коло:

„Љуботен“ – „Кочани“  1:9

„Тиверија“ – „СЦ Истатов“  0:1

„Каменица Саса“ – „Речица“ (натпреварот се игра во Недела)

„Драгон“ – „Атлетико“  7:1

„Топ Гол“ – „Плачковица“  12:0

„Прилеп“ – „Тетово“  (натпреварот се игра во Недела)

„Ас Јунајтед“ – „Борец“  8:0

Во следното 5-то коло „Кочани“ ќе и биде домаќин на екипата на „Драгон“.

С. Ивановски

DSCN6745

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари