На семинарот за полагање на фудбалските судии од Третата Лига – Исток кој денес се одржа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се појавија 23 судии, од кои 13 од помошната листа и 10 од главната.

На еден ден пред стартот на првенството тие ги полагаа физичките норми, а според комисијата сите успешно го поминале овој дел и од утре ќе можат да ја делат фудбалската правда на терените во Трета Лига – исток.

По завршувањето на физичкиот тест се одржа предавање на кое судиите беа запознаени со нивните права и обврски за време на натпреварите.

С. Ивановски

41876424_519829841800424_5374786189486194688_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари