По повод денешното официјализирање со работа на мобилниот сервис за домашни посети, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја да де следната изјава:

„Кочани е првата општина каде започнува да се реализира мобилен сервис за домашна посета. Тимови од социјални и здравствени работници ќе бидат продолжена рака на матичните лекари – специјалисти по семејна медицина, за определена медицинска и социјална грижа во домовите на граѓаните.
Ова е европски модел на услуга што се реализира преку програмата Општинско корисна работа на UNDP, во партнерство со министерствата за здравство и за труд и социјална политика.
Со заедничкиот, социјално-здравствен пристап очекуваме граѓаните да бидат позадоволни од услугите и да се подобри квалитетот на превентивните и примарните здравствени услуги.
Им благодарам на министерката за труд и социјала Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и на постојаната координаторка на ООН Луиза Винтон за соработката и поддршката“.

DSCN8790

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари