На отворањето на фудбалската сезона жрепката сакаше во првото коло во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ силите да ги одмерат две екипи кои во годинешното првенство претендираат за највисок пласман „Осогово“ – Кежовица“.

Иако малобројната публика очекуваше сигурна и рутинирана победа за домаќините, „жетварите“ со судни маки стигнаа до трите бода, благодарение на паунов кој во 47’ од натпреварот успеа со глава да го совлада мошне добриот гостински голман.

Пред постигнувањето на голот домаќините создадоа три изгледни прилики за гол а гостите од Ново Село само една. Во 7’ десниот дирек беше сојузникот за „Кежовица“ за да само 6 минути подоцна по нафрлената топка во казнетиот простор на домаќините дојде гостинската „петица“ кој од само неколку метри биеше над голот. Она што не го искористија домашните играчи Паунов во 28’ и Андреј Коцевски во 31’ беше полесно да се погоди одошто да се промаши.

По постигнатиот гол во главно игра како и да немаше. „Жетварите“ создадоа две шанси за гол кои не ги реализираа а жилавите гости од Ново Село во финишот на натпреварот упатија три опасни удари кон домашниот голман кои на нивна жалост не ја погодија целта.

Кога се ќе се собере заслужена победа за „Осогово“ во натпревар кој изобилуваше со неколку остри стартови кои ја зовреа атмосферата па честопати имаше расправии на играчите од двете екипи, но благодарение на одличната арбитража на судиската тројка предводена од главниот судија Драган Јаневски кој покажа седум жолти картони (2 за домаќините и 5 за гостите)  натпреварот сепак заврши во коректна атмосфера.

Резултати од првото коло во Трета Лига – Исток

„Осогово“ – „Кежовица“  1:0

„Малеш“ – „Слога 1934“  3:0

„Работник“ – „Брегалница сениори“  1:0

Натпреварот во Пробиштип „Рудар“ – „Овче Поле“ не се одигра бидејќи домаќините истиот го откажаа.

С. Ивановски

DSCN8798

DSCN8903

DSCN8980

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари