Вечерва Кочани беше домаќин на Регионалната средба на НСДП за ИЕ број 3. На средбата освен претставници од сите Општински Организации во ИЕ број 3 присуствуваа и Тито Петковски – Претседател на НСДП, Горан Мисовски – Потпретседател на Собранието на Република Македонија и Христијан Трајковски – Директор на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор.

Воведно излагање даде Сашко Стефановски – Претседател на ОО на СДСМ – Кочани кој во своето обраќање направи паралела за политичката состојба во Кочани и во Република Македонија во последните две години, односно од последната  Регионална средба на партијата што се одржа во месец Октомври 2016 година.

По едногласно усвоениот дневен ред на присутните им се обрати Претседателот на НСДП Тито Петковски. неговото излагање се однесуваше на претстојниот Референдум како и големата шанса што ја добивме за влез на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Петковски потенцираше дека ова е голема шанса за Република Македонија конечно да стане дел од „семејството“ на ЕУ и НАТО со што и те како ќе се зголеми стабилноста на државата, а благодарение на странските инвестиции преку кои ќе се отворат нови работни места ќе станеме конкурента земја во која ќе се зголемува растот на платите а со тоа ќе се зголеми и бруто домашниот производ и извозот.  Договорот што е потпишан со јужниот сосед  е од големо значење и поради фактот на признавањето на Македонскиот јазик и идентитет.

Претседателот на НСДП Тито Петковски исто така ги потсети присутните дека речиси сите влади досега преговарале за името, но никој досега немал храброст со тоа решение да се оди до крај. Ги потсети дека ВМРО ДПМНЕ постојано заговарал за ова прашање да се спроведе Референдум и сега кога некој реши да ги послуша нивните повеќегодишни заложби истите тие повикуваат за бојкот на Референдумот со што не и мислат добро на својата држава.

По завршниот говор на Петковски присутните дебатираа по неколку прашања кои ја засегаат партијата.

С. Ивановски

DSCN9064

DSCN9056

DSCN9070

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари