Како дел од програмата на ТППЕ (територијално противпожарната единица) – Кочани а во соработка со „Црвен Крст“ – Кочани денес во ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани беше спроведена планираната тактичко-показна вежба.

Истата се состоеше од симулација на земјотрес и опожарени простории од каде се извлекуваа повредените ученици.

Пожарникарите ги извлекуваа повредените и на безбедно место им ги предаваа на лицата од „Црвен Крст“ – Кочани кои им ја даваа првата помош.

Во вежбата освен ученици и волонтери од „Црвен Крст“ – Кочани учествуваа и  пет пожарникари со две возила.

Според одговорните вежбата беше успешно спроведена.

Во следниот период според најавите вакви и слични вежби се планирани и во останатите основни и средни училишта во општината.

С. Ивановски

DSCN9121

DSCN9109

DSCN9125

DSCN9132

DSCN9088

DSCN9092

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари