Со роденденска торта и силни љубовни, пријателски, колегијални прегратки, танц и оро се заокружи 33-то издание на МФФ „Истибањско Здравоживо“.

Фолклористите дефинитивно се фаворити на виничката публика, плоштадот никогаш не бил исполнет со толкав број на луѓе кои со љубопитство го следеа настапот на сите учесници.

Солидната бројка на членови во „Китка“ сама по себе повлекува публика од сите возрасти, покрај родителите, тука се задолжително и бабите и дедовците да ги гледат своите внуци, а и школските врсници се задолжителна подршка при вакви настани.

Тука се е ветераните каде не играат само пензионерите, туку и учесници од средните генерации така да ФА „Китка“ го множи членството, и тоа е успешна мисија.

Во време кога владее технологијата, да ги натераш младите да се облечат во народна носија и да играат народни ора, сепак е успех, истакна градоначалникот Димитров на синоќешниот гала концерт „Меѓутоа, она што е најбитно и за нас како домаќини, но и за самите учесници, е дружбата, позитивните вибрации и секако најголемата сатисфакција за мене лично, е задоволството и насмевката кај овие млади и надежни следбеници на културното наследство и традицијата. Впрочем, тоа е и наша обврска, да ги храбриме и поддржуваме новите генерации да ги негуваат, чуваат и развиваат обичаите, ората, песните кои се наше историско богатство, и верувам дека како општина Виница ќе продолжиме со уште поинтензивно темпо токму во таа насока“, рече Димитров.

Со синоќешниот настап на плоштадот „Ангел Винички“ фолклористите од Литванија, Молдавија, Турција, Словенија, Хрватска, и секако домашните ансамбли запишаа уште една страница или вкупно 33-та во историјата на Фестивалот „Истибањско здравоживо“.

Општина Виница

DSC_1222

DSC_1256

DSC_1295

DSC_1185

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари