Иницијативен одбор за спас на ГФК „Осогово“ Кочани

СООПШТЕНИЕ

На иницијатива на голем број симпатизери, спортски работници и поранешни членови на ГФК „Осогово“, се формира Иницијативен одбор за спас на ГФК „Осогово“ кој го заклучи следново:

Сведоци сме дека ветувањата на актуелното раководство на ГФК „Осогово“ во моментот кога го презедоа клубот не се остварија и клубот не е на ниво кое го заслужува и мора да го има.

Се ветуваше дека ГФК „Осогово“ ке го задржи второлигашкиот статус а денес натпреварот од трета лига исток против екипата на „Кежовица„ се најавуваше како големо дерби.

– Се ветуваше дека ке се реорганизира и подигне на високо ниво работата и фунционирањето на младинските категории,а денес сме сведоци дека истите никогаш не биле во полоша состојба.

– Се ветуваше дека ке се подобри инфраструктурата на градскиот стадион „Никола Мантов“ а сите можеме да се увериме во каква состојба се наога истиот.

– Со финансиските побарувања од Локалната самоуправа кои не беа мали се ветуваше дека со истите ке се искористат за спортување на младите од Општина Кочани, а денес како членови на клубот скоро и немаме фудбалери од нашата Општина туку фудбалери со сомнителен квалитет доведени од страна и за истите се трошат големи финасиски средства.

– Се ветуваше и дека публиката ке се врати на стадионот а гледаме само жална слика на натпреварите во врска со посетеноста.

И на крај, секое здружение мора да даде финансиски отчет за потрошените средства. Ако и картите кои беа продавани на натпреварите од Втора лига минатата сезона беа ненумерирани, ако немаме финансиски отчет за работењето, тогаш сето тоа има индиции дека се можни и правења на одредени финасиски малверзации.

Сето ова горе изнесено ни дава за право да побараме Претседателот на Управниот Одбор да си поднесе неотповиклива оставка и во најкус можен рок, Управниот Одбор да свика Вонредно собрание.

Доколку не се реализира истото, Иницијативниот одбор се обврзува дека ке закаже Вонредно Собрание на ГФК „Осогово“ Кочани.

Со Почит,

Иницијативен Одбор за спас на ГФК Осогово Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари