По повод ставањето во функција на Дневниот Центар за лицата со интелектуална попреченост или атипичен развој Градоначалникот на Општина Кочани ја даде следната изјава:

„Лицата со попреченост што ги згрижувавме во Виница, од денеска се во Дневниот центар во Кочани. Нашата одлучност конечно да профункционира овој центар, наиде на огромна поддршка од министерката Мила Царовска. Овој центар ќе го олесни животот и на семејствата што имаат лица со атипичен развој и на самите лица, а ќе можат да го користат и околните рурални општини. Со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжиме да развиваме систем на социјални услуги со цел лицата со попреченост да можат да се социјализираат, да бидат вклучени во општеството“.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари