Иако нема логика да се реагира на фантоми, не смееме да оставиме туку така да поминат злонамерните гласови. Имено, одредени лица, кои очигледно немаат доволно храброст и се кријат зад т.н. Иницијативен одбор за спас на Осогово, лиферуваа низа невистинитости. Можеме да им одговориме само со една реченица, а тоа е дека се што е пишано во реалноста е спротивно.

Сепак би сакале да ги потенцираме и следните факти:

Клубот моментално е организиран најдобро во последните 15 години, тоа го покажува податокот дека после истиот период клубот има сопствена механизација за одржување на теренот, набавени се 1500 пластични столици за подобар конфор на гледачите, набавени се перални за стадионот и печатач со цел да се олесни функционирањето.

Набавена е комплет опрема за сениорскиот тим (тренерки, дресови, шушкавци, палтиња, тренинг маички, маички за во град, маркери и други помагала за тренинзите). Во клубот работат четири тренери, од кои тројца се со Факултет за физичко образование, спорт и здравје, а еден е со интернационална фудбалска кариера. Вреди да се напомене дека тренерите што работат со првиот тим поседуваат соодветни фудбалски лиценци (за разлика од претходно).

Финансиски извештај се доставува до УЈП (Управа за јавни приходи) исто така и до Локалната самоуправа, кон која доставуваме на секои шест месеци. Треба да се напомене дека финансиската поддршка од Локалната самоуправа е иста како и од претходната година, со голема разлика од претходно е тое што сега клубот добива помош и лично од Градоначалникот.

Мора да потенцираме дека ГФК Осогово после долго време (скоро 15 години) има функционална младински школа, каде што моментално има 83 членови (за прв пат како третолигаш имаме младински категории кои се натпреваруваат во системот на ФФМ). За нејзино непречено функционирање набавени се топки, дресови и тренерки, а на членовите од младинските категории не им се наплаќа членарина и трошоци за превоз со што сме еден од ретките спортски друштва во државата кој функционираат на таков начин, се со цел поголема масовност и развој на клубот.

Смешни се написите дека нема фудбалери од нашата Општина, кога на последниот првенствен натпревар во почетниот тим имаше шест домашни играчи, а главна причина за да не биде бројот поголем е тоа што во последните 15 години ГФК Осогово немаше младински категории.

За подобро да биде запознаета јавноста сакаме да потенцираме дека просечната возраст на сениорскиот тим е 19 години и тоа ќе биде политиката на клубот и во иднина. Притоа сите фудбалери и стручниот штаб се исплатени што е голема промена во однос на минатото кога постојано клубот должеше кон побарувачи. Цел град и пошироко знаат дека ние ја вративме публиката на стадионот, а сето тоа благодарение на макотрпната работа на поле на маркетингот, каде што сме еден од најдобрите клубови во државата. Со веб-страната, како и со профилите на социјалните медиуми, го направивме клубот попристапен за навивачите и симпатизерите кои благовремено се информирани со се што се случува во редовите на „жолто-сините“.

Кога го превземавме раководењето на клубот, истиот беше длабоко во зоната на испаѓање, но во тековната година повторно ќе го вратиме во Втора лига. Ова е прво и последно соопштение по однос на фантомските обвинувања, а во иднина за ширење лаги и невистини, ние како Управен одбор ќе преземеме соодветни мерки.

УО на ГФК Осогово Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари