Почитувани другари и другарки, Почитувани присутни.

Пред нас младите стои предизвикот за Европско Кочани и Европска Македонија, сакам да Ве повикам сите заедно да дадеме придонес во пишувањето на една нова историја. Нашата генерација ја има таа привилегија да ја менува Македонија кон подобро, имаме шанса да го оствариме сонот на секој млад, преку членството во НАТО и ЕУ кое гарантира подобар живот за сите млади.

Пред нас е можноста конечно да го запреме трендот на иселување на младите.

Би сакала да посочам само дел од одговорите зошто да одбереме ЗА, за европска младина.

Пристапот до младинските програми на ЕУ за младите од Македонија ќе значи можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа и развивање на вештините неопходни за активно учество на пазарот на трудот.

Преку програмата за мобилност на студенти ЕРАЗМУС, над 4 милиони млади луѓе од Европа, меѓу кои и младите од Македонија имаат можност за академска мобилност, стекнување вештини, спорт, обуки, учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности.

Преку ЕВРОПСКИОТ СОЦИЈАЛЕН ФОНД, Европската Унија инвестира над 70 милијарди евра во квалитетно и одржливо вработување и мобилност на работници. Досега, ЕУ има инвестирано 8.8 милијарди евра во Младинска гаранција за вработување млади. Ова се силни причини ние младите да градиме иднина овде во Македонија.

Да го пополниме делот од сложувалката Европско Семејство – Европа наш дом, а европските стандарди наше секојдневие. ЗА Европска Младина, ЗА Европска Македонија. – Излези ЗА.

Гордана Трајановска

DSCN9282DSCN9269

DSCN9272

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари