Во 16:37 часот во Територијалната Противпожарна Единица во Кочани стигната е најава за избувнување на пожар на патничко мотоно возило кое било во движење.

Пожарот избувнал во моментот кога ПМВ „Опел Астра“ се доближило до клучката на Прибачевски пат веднаш спроти фабриката за ориза во Оризари.

Интервенирано е со тројца пожарникари и едно возило и за мошне краток период пожарот е изгаснат.

Не се познати причините од кои се запалило возилото.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари