Македонско еколошко друштво во соработка со „МТБ Исток“ и СК „Москито“ од Кочани го одбележa 23 септември, Денот на Зелениот појас.

По тој повод беше организирана велосипедска тура наречена „По патека на Железната завеса“, која ја следи некогашната Железна завеса, низ предел кој е живописен спој на природата и историјата.

Со градоначалниците на Кочани, Македонска Каменица и Крива Паланка – Николчо Илијев, Соња Стаменкова и Борјанчо Мицевски беше реализирана средба на на врвот „Сокол“, каде се споделија идеи и размислувања околу иницијативата за прогласување на Осогово за заштитено подрачје.

„Оваа тура е само една од низата активности за дополнителна промоција на вредностите на Осогово, кои се од национално и европско значење. Посакувам сите заеднички да дејствуваме и да дополнуваме уште многу природни и туристички локации на картата на Осоговскиот Регион“ рече Деспина Китанова од Македонското еколошко друштво.

Градоначалниците кои учествуваа на средбата на врвот „Сокол“ беа единствени во ставот дека дел од Осоговските Планини во следниот период треба да се прогласат за заштитен предел и со тоа да се зачува биодиверзитетот на ова подрачје, од една страна, и да се подобри животот на локалното население, од друга страна.

Нашата земја, како дел од иницијативата „Европски зелен појас“, трета година по ред го одбележува овој значаен ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите предели коишто се дел од Балканскиот зелен појас. Иницијативата „Европски зелен појас“ се стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на Студената војна. Еколошката мрежа „Европски зелен појас“ поминува низ 24 европски земји.

DSC_0068 (Copy)

DSC_0093 (Copy)

DSC_0035 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари