На покана на Организациониот одбор на манастирот, Градоначалникот на Општина Кочани престојување на прославата на манастирот во месноста „Добра Вода“ во непосредна близина на населбата Оризари.

По тој повод Илијев ја даде следната изјава: „Денеска бев дел од прославата на манастирот во месноста „Добра Вода“, во близината на Оризари.  Во пријатен разговор со мештаните, отворивме повеќе теми од витално значење за оваа населба. Жителите најмногу се интересираат за асфалтирање на патот што води до месноста „Добра Вода“.
Овој проект е поднесен до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, очекуваме позитивен одговор и решавање на ова прашање. Во врска со патната инфраструктура, деновиве со службите од Општина Кочани и со претседателот на Месната заедница Оризари правиме мапирање на состојбите и потребите, за да влезат во плановите и програмите за реализација за следната буџетска година. Соработката со граѓаните е неопходна во реализацијата на нивните потреби од јавен интерес од локално значење“.

200

300

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари