Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, вечерва (Вторник) во Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани „Дуо скупи“ ќе одржи концерт.

Јета Старова Мехмети на флејта и Ермаљ Мехмети на виолина во „Фоаје 1“ на Домот на култура „Бели Мугри“ во Кочани со почеток во 20:00 часот ќе го одржат концертот „Македонски звуци“.

Убава можност за љубителите на музиката да присуствуваат на овој настан и да уживаат во музичката изведба на двајцата музичари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари