По повод Неделата на детето, а со цел да се афирмираат детските права и со цел да се зголеми свесноста кај децата за правото на образование, правото на нивно слободно изразување и нивна активна вклученост во креирањето во културниот живот во заедницата, ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани планира реализација на проект-програмата „ Јас ги познавам своите права“. Учесници во програмата се децата од Големите групи кои се вклучени во воспитно-образовната програма на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ – Кочани.

Со учеството на децата во програмата „Јас ги познавам своите права“ започнува и реализацијата на програмата „Книгата патува во домот на секое дете“, а е со цел да се мотивираат децата дел од своето слободно време да го минуваат во читање книга и раскажување заеднички со своите родители и блиски, а подоцна своите импресии и заклучоци можат да ги постават со цртеж на ликовните материјали кои им се обезбедени од страна на библиотеката. Сите творби од учесниците во програмата ќе бидат поставени на организирана Изложба во Библиотеката.

ЈОУ Библиотека „Искра“ Кочани и оваа година активно се вклучува во меѓународното одбележување на Неделата на детето. Ппрвата едукативна работилница со содржина „Јас ги познавам своите права“ и „Книгата патува во домот на секое дете“, ќе се реализира на првиот ден во Неделата на детето за оваа година, на ден 01.10.2018. со почеток во 10:30 ч. во просториите на библиотеката.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари