Годинешната културана манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2018“ ќе биде збогатени и со еден спортски настан.

Имено за прв пат во склоп на манифестацијата ќе биде организиран  Турнир во Баскет на кој своето учество го пријавија 12 екипи, поделени во 4 групи.

Турнирот започнува во Петок (28.Септември) а финалето е закажано ден подоцна во 18:00 часот.

Организаторот на турнирот Општина Кочани за трите најуспешни екипи обезбеди награди: првопласираната екипа ќе добие ваучер во висина на 15.000,00 денари, второпласираната на 10.000,00 денари а екипата која ќе победи во „малото финале“ и го освои третото место ќе добие ваучер на 5.000,00 денари

С. Ивановски

200

42570296_2262364654007060_7857598416983949312_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари