Вечерва во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Аксел Ахмедовски, одржа трибина на која главна тема беше престојаниот Референдум за влез во НАТО и Европската Унија.

Најпрвин на присутните во салата која беше исполнета до последното мести им се обрати Ѓорѓи Алексов – Советник во Советот на Општина Кочани а потоа и Дарко Радески – Претседател на ОО на СДСМ од Кочани.

И двајцата зборуваа за моменталната политичка и економска состојба во која се наоѓа државата, но и за излез од кризата и подобрување на животниот стандард доколку успее Референдумот.  На крајот ги повикаа присутните за масовно излегување во Недела да дадат поддршка за Референдумот.

Ахмедовски пак зборуваше за сите проекти кои досега се реализирани за Ромската популација, особено за оние во Кочани, со средства обезбедени од Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски наменети за спороведување на Стратегијата за Ромите. Зборуваше општо и за подобрување на условите на Ромското население, но како што истакна со заокружувањето на „ЗА“ во Недела, тие ќе гласаат за уште подобра и посветла своја иднина.

Во дебатата се вклучи и Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кој директно од службен пат дојде во салата. И тој како и неговите претходници зборуваше за придобивките што ќе ги имаме сите граѓани со влезот во НАТО и ЕУ.

На крајот и Ахмедовски и Илијев одговараа на поставени прашања од присутните кои во главно се однесуваа за изнаоѓање решенија за подобрување на условите за живеење во Ромското маало.

С. Ивановски

DSCN9581

DSCN9574

DSCN9591

DSCN9589

DSCN9590

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари