Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев во пресрет на „Светскиот ден на туризмот“ во средата учествуваше на „Петтиот конгрес на Бугарскиот сојуз за бањски и спа-туризам.  По тој повод Илијев изјави: „Денеска во општината Гоце Делчев, Република Бугарија, учествував на Петтиот конгрес на Бугарскиот сојуз за бањски и спа-туризам. Во пресрет на Светскиот ден на туризмот имав можост да се запознаам со степенот на развој, проблемите и добрите практики на спа-туризмот во повеќе земји во Европа. И покрај тоа што Кочани се наоѓа на едно од најголемите геотермални лежишта на Балканот, искористувањето на ова вредно природно богатство за медицински, здравствен и спа-туризам, чека на инвеститори. Таму испративме порака за поволните услови и можностите што ги нудиме кај нас и го нагласивме нашиот интерес за спој на бањскиот и планинскиот туризам“.

83

81

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари